Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за утре најави поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија. Тој притоа посочи дек ана ова му претходело двомесечна напорна работа и отстранување на сите недостатоци.
Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде:
„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ. Така што еве да почекаме до утре па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.