Нова герила акција во Тетово: Внимавај нема семафор!

Групата на активисти кои и претходно имплементираа уметнички активизам во Тетово, вчера ја организираа наредната активност. Овој пат нагласувајќи ги семафорите во раскрсницата пред Тетовскиот Универзитет и Средното Медицинско Училиште “Никола Штејн„ во улица Илинденска. Горенаведените семафори се надвор од функција подолго време, а пак општината не превзема никакви мерки за регулирање на собраќајот во овој дел на градот.

Како последица на нефунксионирањето на овој семафор, во ова раскрсница, се случиле голем број на собраќајни несреќи. Пред два дена на истото место имаше тешка собраќајна несреќа, каде за среќа, немаше жртви, велат организаторите на герилата акцијата.

Статистиките покажуваат дека има раст од 22% на собраќајните несреќи во Општина Тетово.