Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на хероината Невена Георгиева – Дуња

Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во Скопје. На мета на се уште непознати крадци и вандали викендов се најде и бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња. Нејзиното спомен обележје – биста е искорнато и украдено од дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен, а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата, пренесува порталот „Скопско Ехо“

Се уште не е познато кој стои зад ваквиот вандализам.

Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште.

Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година.