Нов студен бран ќе ја зафати Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен западен и југозападен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната температура од осум до 22 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен западен и југозападен ветер. 

Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 18 степени. 

Во петок во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Врнежите со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а температурите ќе бидат во опаѓање.