Општина Бутел ќе почне со изградба на новиот спортско рекреативен центар кој ќе се наоѓа во населба Радишани во дворот на ООУ “Ацо Шопов” ќе се протега на повеќе од 5000 м2. Ваквата информација ја објави градоначалникот Дарко Костоски на социјалните мрежи.
„Спортско рекреативниот центар “Радишани” кој ќе се протега на повеќе од 5000м2 ќе ги има следните содржини:
- Ќе биде изградено модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување.
- Баскет игралиште со специјална подлога кое беше реконстуирано во минатото
- Изградба на ново детското игралиште со нови модерни содржини и нова мека подлога
- Реконструкција на фитнес зона за вежбање и рекреирање
- Нови зелени површини
- Нови пешачки патеки, нова урбана опрема, како и ново лед осветлување“, напиша Костоски.