Нов случај на заталкан куршум: Оштетена шофершајбна од возило во Гази Баба

22-годишен скопјанец пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, заталкан куршум му го оштетил ветробранско стакло од неговото возило.

„На 14.09.2025 во 16:40 часот во СВР Скопје, Н.Н.(22) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба, од заталкано зрно од огнено оружје оштетено е ветробранско стакло од неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал. Повредени лица нема, а полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното  за понатамошна постапка, се наведува во полицискиот билтен.

Се работи на расчистување на случајот.