Нов шок во Кочани: Починал возач на итната помош откако цела ноќ ги пренесувал повредените лица

Нов шок го потресе Кочани утрово откако се рашири веста дека починал возач на Итната помош Кочани.

Долгогодишен шофер на возила во Итната помош Кочани кој ноќва починал откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени лица отишол дома да се одмори и не се пробудил.

Колегите и вработените во Општата болница Кочани кои се уште не можат да се соземат од шокот, утрово се простуваат од нивниот колега.