Нов паркинг простор на улицата „Варшавска“ во Тафталиџе 1

Започна реализацијата на нов паркинг простор на улицата „Варшавска“ бр. 4, во Тафталиџе 1. Станува збор за површина која повеќе години беше руинирана и граѓаните беа приморани да паркираат во кал и прашина.

Со асфалтирањето на овој простор, ќе се спречи и дополнително загадување на населбата.
Претстои и целосна реконструкција на „Варшавска“ (од кружниот тек кај „Георги Димитров“ до бул. „8 Септември”).