Нов парк и зелени површини во Кисела Вода

Нов парк во Кисела Вода, на место каде до неодамна имаше депонија. Граѓаните од оваа општина конечно имаат значајно повеќе зелени површини за релаксација и исполнување на слободното време. 

Исто така, опремен е и со велосипедска патека, за оние кои го преферираат тој вид на рекреација. 

„Денес, тука се наоѓа нов зелен парк на површина од 16.000 квадратни метри, со над 200 новозасадени висококвалитетени дрвја кои веќе полека ги шират своите крошни како природна сенка за скопјани во летото што доаѓа и совршено се вклопуваат во екосистемот на нашиот град“, напиша на Фејсбук градоначалникот Петре Шилегов.