„Нов кафе-бар под прозор од спалните, сѐ е узрупирано“ - Жители на Буњаковец ја прозваа општина Центар

Жителите во непосредна близина на трговскиот центар Буњаковец алармираат дека ќе им отворат кафе бар на приземјето на зграда, токму под нивните спални соби. Сега, додега се работи, како што тврдат, се узрупира јавниот простор, а се работи и попладне и викенди, па затоа прашаа какви дозволи имаат газдите. 

„Ни отвараат нов кафе-бар под прозор од спалните, седми во радиус од 50 метри. Карши кројач „Зеко“ во пролазот. Го узурпираа јавниот простор, а планираат и тревникот“, гласи објавата споделена во фејсбук групата „Во одбрана на Буњаковец“. 

„Работи попладне и за викенд, така што, какви дозволи има е прашање“ - констатираа тие па упатија молба до надлежните: 

- Се замолуваат Општина Центар - Скопје, Инспекторат на Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски да интервенираат за заштита на јавниот интерес.

- До кога профитот на кафанџиите ќе биде надреден над сите други приоритети? - порачаа жителите на овој дел од центарот на градот.