Нов изглед, ист врвен вкус на Amstel!

Пивара Скопје го промовираше новиот изглед на најпознатиот холандски бренд на пиво, Amstel. Новата етикета во црвена боја го обединува она што е најпрепознатливо за брендот – долгата традиција на производство од далечната 1870 година, потеклото од Амстердам и пријателството како носечки елемент на пивото од неговото создавање до денес.

„Новиот Amstel носи визуелно освежување но, го задржува добропознатиот, врвен вкус. Нашиот омилен Amstel, препознатливата горчина и богата арома на хмељ и остануваат комплетно непроменети.“ – велат од Пивара Скопје. Новото пакување е веќе достапно и можете да го пронајдете во сите подобро снабдени маркети, како и кафулиња, кафеани и ресторани.

Повеќе за Amstel на инстаграм и фејсбук.