„Нов ден, нов орач“ - Кој ќе ги санкционира непорописно паркираните возила низ скопските тротоари и зелени површини?

Паркирање на зелена површина, паркирање на тротоар во колона, паркирање каде што ќе се стигне... А пешаците, од кои голем дел деца, мајки со детски колички и возрасни луѓе, како и лица во инвалидски колички нека се снаоѓаат! Вака некако изгледа Скопје полно со несовесни возачи! 

Во фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ секојдневно се објавуваат фотографии од непрописно паркирани возила кои го узрупираат јавниот простор. 

Жителите гневни што луѓето секогаш го криват системот, а системот, како што велат, го чинат токму луѓето. 

Еве дел од случаите на кои реагираат скопјани: 

И системот не чинел, не дечки луѓето се систем 

Нов ден, нов орач

Еве бе на роденден со децата у игротека... а тебе колку ти е рата за џипот? Дизелче? Колку троши? 

- Ова е секојдневие, ни пајак не доаѓа, не може ни брза помош да влезе ни пожарна, со деца за рака или со колочки одат по улица, исто и со домашните миленичиња, регира скопјанка од овој дел на градот. 

Паркинзи наоколу има, ама до врата треба да се паркирани! - додава друга жителка. 

- Ова е нормално паркирање кај нас, кај нас е ненормално возилото да биде паркирано на паркинг место. Што кажува дека ние сите сме нетокму односно нешто дебело не е во ред тука..., гласи еден од многуте коментари за оваа честа појава низ метрополата.