Нов ценовник – поевтинува струјата и регионалниот роаминг, поскапуваат цигарите

Струјата поевтинува

Од денеска цените на електричната енергија за домаќинствата ќе се намалат за 0,25 отсто.

Како што соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров, причина за поевтинувањето се помалите трошоци што ги пријавиле енергетските компании.

Кај ЕЛЕМ Производство цените се намалуваат за 0,01 процент, кај МЕПСО за 7,99 отсто, а кај ЕВН Дистрибуција за 9,71 процент.

Ова е втора година по ред како поевтинува струјата за домаќинствата. Лани се намали за 0,33 отсто.

Според последните податоци од Евростат, Македонија плаќа најевтина електрична енергија во Европа.

Намалување на цените на роамингот

Стапува второто по ред намалување на цените на роамингот со операторите во регионот.Македонија веќе има склучено договор за намалување на роаминг услугите со  Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Од албанскиот регулатор информираа дека разговараат за проблематиката заедно со операторите и ја разгледуваат можноста и Македонија да стане  дел големата роаминг-фамилија на пазарот.

Добрата соработка на агенциите за електронски комуникации од регионот, особено со регулаторите од соседна Србија веќе имаат позитивни ефекти и покрај отпорот на тамошните оператори заради скратениот приход.

По 4 ти пат се одржува меѓународната конференција за електронски комуникации, на која гостуваа претставници од 10 држави од Евопа и од  регионот,  чиј домаќин е АЕК.

Справување со компјутерскиот криминал, предизвиците од дигитализацијата,како и  иновативните апликации и натаму остануваат предизвик на телекомуникациски оператори .

Начините како регулаторите тела да се справат со нив, се дел од темите на Меѓународна регулаторна конференција што денеска и утре се одржува во Охрид.

Лајкамобајл

Меѓународниот мобилен виртуелен оператор Лајкамобајл (Lycamobile)  соопшти дека стартува со работа во Македонија.

„Лајкамобајл“ на македонскиот телекомуникациски пазар ќе оперира со предзнакот 079. Ќе ја користи мрежата на мобилниот оператор оне.ВИП.

Од  Агенцијата за електронски комуникации, каде се нотифицираше,  информираат дека операторот досега има добиено 175.000 броеви кои ќе може да ги доделува на сопствените корисници. Претходно веќе имаат завршено со тестирање на преносливост на броеви и имаат одобрен стандарден претплатнички договор.

– Македонските граѓани ќе може да ги уживаат придобивките од  „Лајкамобајл“  и нашите нискобуџетни тарифи за национални, меѓународни повици,  како и интернет сообраќај. Понудите на „Лајкамобајл“ особено ќе им бидат привлечни на граѓаните кои имаат потреба да им се јават на своите пријатели или роднини во странство, со оглед на тоа дека постојат голем број Македонци низ целиот свет. „Лајкамобајл“ нуди импресивни цени без трошоци за роаминг во дури 18 земји во светот, се вели во соопштението од „Лајкамобајл“.

Македонија, наведуваат, лани оствари импресивна стапка на раст во мобилната телефонија од 108 проценти поради што донесовме стратешкамаркетинг одлука за да ги искористиме предностите на таквиот растечки пазар.

Цигарите поскапуваат

Цигарите поскапуваат за три денари по кутија.

Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува од петок доколку производителите не решат тие да ја компензираат.

Зголемување на акцизата за 3 денари по кутија се предвидува за последен пат ова лето. Од наредниот 1 јули, цигарите секоја година ќе поскапуваат по 4 денари за кутија.

Ваквиот тренд на покачување во наредните години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.