Носителот на журките во Ибица, Лондон и Мајами викендов доаѓа во Скопје

Еден од најпознатите диџеи - грчкиот артист Angelos” светски познат како Dj Angelo под појасот на неповторливиот Black Coffe оваа сабота доаѓа во Скопје. Носител на журките во Ибица, Лондон, Мајами, Берлин, Букурешт и останатите метрополи овој викенд ќе настапи во Скопје на големото отворање на новиот локал на Déjà vu во East Gate Mall.

Етикетирани како артисти кои го движат Афро – хаус подиумот неговата слава започнува да се развива во правец на продукциска препознатливост. Долгогодишното искуство ги носи по светските подиуми каде формираат хитови кои се признаени од сите главни артисти.

По застанувањето на светот поради пандемијата тој го промовираше неговиот хит “Lost” во соработка со Black Coffe паралелно подржан на нивните оффицијални профили од Pharel Williams, Diplo и Usher. Полека но сигурно како животот се нормализира на стејџовите се враќа и ANGELOS како и неговата доминација на светската сцена.

Терминот е оваа сабота, локацијата е East Gate Mall, а почетокот е 21 часот.