Ноќва уапсена жена, го претепала сопругот од кој се разведува

Жена од Гостивар која е во процес на бракоразводна парница, го нападнала сопругот од кој се разведува.

Од СВР Тетово информираат дека денеска по полноќ во 01:20 часот, во Полициската станица Гостивар, 41-годишен жител на Гостивар пријавил дека бил физички нападнат во дворот од семејната куќа од неговата 37-годишна сопруга.

По пријавата, жената била лишена од слобода.