Ноќно апсење за дрога низ Скопје: Со лисици на раце завршија и двајца малолетници

 

Четири возрасни лица и двајца малолетници уапсени изминатата ноќ на различни локации низ главниот град. Причината е што биле фатени со дрога. 

- На 19/20.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.И.(35), Н.Ј.(21), М.Ц.(42), Ф.С.(27), 15-годишник и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.