
Изминатата ноќ во Скопје, кај спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за недозволена трговија спровеле акциска контрола.
При контролата бил извршен преглед и проверка на идентитет на 33 лица. Во рамки на акцијата лишени од слобода се шест лица: Љ.П.(42), С.Н.(45), Љ.А.(43) и И.Ц.(37) од Скопје, М.С.(33) од Неготино и Е.Л.(21) од Р. Албанија.
При прегледот кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја, марихуана и друга прашкаста материја, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.