
Ноќеска во 01:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Н.(32) од Скопје.
Во полицискиот билтен се наведува дека од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А.(25) од Арачиново.
Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот.
Извршен бил и увид.