Нокаут и Игор Џамбазов овој петок на „afterwork" забава во "DejaVu East Gate"

Претстојниов петок најдобрата "afterwork" забава е во "DejaVu East Gate".

За музичкиот дел ќе се погрижат Нокаут и Игор Џамбазов.

Кога станува збор за Нокаут – бендот со традиција и поим за квалитет на авторска музика на македонската сцена и за мега популарниот шоумен на сите времиња, Игор Џамбазов, забавата е загарантирана.

Затоа, овој петок, со почеток во 17 часот, бидете таму - "DejaVu East Gate" и музичките гости ќе се погрижат за незаборавна забава во предновогодишен амбиент, по работната недела.