НЛБ Банка сертифицирана за Фер финансиски услуги за потрошувачите

Организацијата на потрошувачите на Македонија ја сертифицираше НЛБ Банка со сертификатза„Фер финансиски услуги за потрошувачите“.

Сертификатот е потврда за високото реноме кое Банката го има на пазарот, грижата и респективниот однос кон клиентите и заложбите за фер договорни и продажни практики, политики и процедури во интерес на клиентите, точни и навремени продажни информации и практики за едукација на клиентите и развој на финансиската писменост, што практично беа и критериуми врз основа на кои се изврши верификацијата.

Во просториите на Банката, претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, д-р Маријана Лончар Велкова и официјално му го врачи сертификатот на Претседателот на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ кој во оваа прилика изјави:

„Овој сертификат е уште една потврда за тоа дека нашата Банка е клиентски ориентирана банка. Клиентите се во фокусот на сè што правиме, а нивното задоволство е мотивација повеќе за нас да продолжиме да ја унапредуваме, не само нашата понуда, туку и севкупниот однос кон оние за кои постоиме и работиме. Горди сме на овој сертификат, но и на низа други признанија кои говорат за пристапот на етичност, чесност и фер однос кон клиентите изграден низ годините. Тоа се наши трајни вредности кои продолжуваме да ги негуваме, но истовремено, следејќи ги потребите на клиентите продолжуваме да се развиваме, да ја зголемуваме нашата ефикасност и капацитети затоа што силно веруваме дека јавноста и потрошувачите тоа знаат да го препознаат.“

Претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, д-р Маријана Лончар Велкова упати честитки до НЛБ Банка и истакна:

„Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека НЛБ Банка е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делувањетo. Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на НЛБ Банка кон процесот на сертификација. Во сите шест дефинирани области за сертификација, Банката ги исполни условите и се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој ја верификува обврзаноста на НЛБ Банка и натаму да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон нивната доверба и задоволство.“

Проектот за сертификација кој госпроведува Организацијата на потрошувачи на Македонијае дел од проект на ЕУ за унапредување на заштитата на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги.

Во рамките на постапката за стекнување со сертификатот, Организацијата на потрошувачи на Македонија и НЛБ Банка потпишаа Договор за соработка кој го интегрираше целокупниот процесза верификација на исполнетоста на повеќе критериуми за стекнување статус на носител на сертификатза „Фер финансиски услуги кон потрошувачите.“