Низа рестрикции за невакцинираните во Италија

Таканаречената „зелена пропусница за ковид“, како доказ за вакцинација, сега ќе биде потребен за користење на хотели и локален јавен превоз на територија на цела Италија.

Италија денеска ги заостри мерките за сузбивање на бранот зараза со Ковид-19 со воведување нови правила за невакцинирани лица.

Имено, само оние кои биле вакцинирани или неодамна закрепнале од ковид ќе смеат да одат во театри, кина, места со жива музика и големи спортски настани, јавува Би-Би-Си.