Нивото на реката Вардар е зголемено на неколку места, еве каде

Нивото на реката Вардар кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија е зголемено во однос на просекот за август, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Зголемувања на водостоите се измерени и на Брегалница кај Берово и кај Штип, на Бабуна кај Богомила  и на реката Струмица кај Сушево.

Пониско ниво од просекот за август има на вливот на Лепенец, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Пчиња кај Пелинце.

Мерењата на УХМР покажуваат дека водостојот на Дојранското Езеро, Преспанското и на Охридското Езеро е во рамки на просекот за месец август.