Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во базата на позитивни случаи на Ковид-19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска.

-Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, информираат од Министерството.