Никому ништо не должите, ниту некој ви должи нешто вам

 

Земете длабок здив. Ова правило ги вознемирува сите луѓе затоа што ни го испраа мозокот во текот на нашите животи и не’ натераа да веруваме во голема лага. Научени сме да мислиме дека им должиме на луѓето, да имаме разни обврски кон нив и да очекуваме многу од луѓето за возврат.

Таа идеја е глупост. Губиме неверојатно многу време правејќи работи што не сакаме и не мора да ги правиме, само затоа што се чувствуваме виновни дека не направивме нешто како што треба. Исто така, губиме неверојатно многу време и чувствуваме големо разочарување кога не го добиваме она што го очекуваме од другите.

Слободата лежи во другата насока.

Вистината е - никому ништо не должите, ниту некој ви должи нешто вам. Добро е да им даваме на другите, но само кога и колку ќе избереме. Разликата меѓу слободните луѓе и оние кои се робови на животот е само во едно нешто, а тоа е: „Кој им ги поставува приоритетите?

Слободните луѓе си поставуваат приоритети, додека они кои не се слободни дозволуваат другите да им ги поставуваат приоритетите. Вашиот живот ви припаѓа само вам и на никој друг.

Која е формулата за несреќа?

Само дозволете вашата благосостојба да зависи од нечиј избор. Дали ви треба поддршка од оние што ги сакате или потврда од родител или пријател, или дозвола од некој за да го следите вашиот пат или за да успеете?

Ако одговорот е да, тоа не е живот, тоа е ропство.

Не прашувајте некој друг за вашиот успех или среќа. Тоа е ваша и само ваша работа.

Бидете одговорни за вашиот живот.