Никому не должите објаснување за својот живот

 

Никому не должите објаснувања и оправдувања, затоа што никој не го живее вашиот живот. Сфатете го тоа начело како навистина важно, затоа што токму од тоа зависат многу работи во вашиот живот. Не морате никому да се правдате зашто го живеете животот што го живеете и со кои луѓе се опкружувате. Тоа е ваше лично право. Никој од луѓето со ко се опкружувате не е над вас и никому не сте должни да полагате сметки. Секој човек е слободно битие и таа слобода ви дава право својот живот да го насочувате во кој правец сакате, секако освен ако не загрозува нечија туѓа слобода. 

Никому не должите објаснување зошто соништата ви се толку големи. Вам другите не ви се правдаат зошто нивните соништа се толку мали и зошто воопшто немаат соништа. Никому не должите објаснување ниту ако се откажете од вашите осништа. Никому не морате да објаснувате зошто и како сте се обиделе, а не сте успеале. Никому не должите да им ги објаснувате препреките на вашиот животен пат кои ве скршиле. Има многу луѓе кои ќе се насладуваат со тоа. 

Никому не должите зошто во нешто верувате. Зошто вашата верба е поинаква од туѓите? Ниту пак вие некого прашувате зошто не верува во нешто или зошто се однесува така како што сте однесува. Тоа е нивна лична работа. Ниту кога ќе се разочарате во нешто или некого не треба да полагате сметки зошто се случило тоа. Едноставно такви биле околностите. Никој нема право да ве осудува што сте поставиле високи стандарди, а потоа сте се откажале од нив. Таков е животот.

Никому не должите објаснување зошто сакате да се развивате како личност, зошто барате другите да ве почитуваат зошто вашето време и внимание им ги посветувате на вашите приоритети, зошто ви е важно какви луѓе имате во близина како и многу други работи.

Тоа е ваше право, како и одлуката со кого ќе ги споделите вашите најинтимни работи. Тоа е ваш став на претпазливост, затоа што не сакате некому да дозволите да го згази и исмејува вашето најсвето нешто. 

Сфативте како функционира животот и отсега на свој начин ќе ги правите работите.

~ Марио Жувела