
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави дека ќе се воведе „Оne stop shop“ на железничката станица меѓу Македонија и Грција.
– Уште еден проект, кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне за Гевгелија, а тоа е дека воведовме 'Оne stop shop' на железничката станица меѓу Македонија и Грција, што значи дека карго-возовите веќе не треба двапати да застануваат кога доаѓаат наваму, туку имаат само едно застанување - рече Николоски.
Тој додаде дека се работи и на втор граничен железнички премин со Србија.
–Во моментот работиме на заеднички железнички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот. Тука е и нашиот најголем проект за брза пруга, таму одлично оди подготовката на документација и очекувам во текот на летото сите документи да бидат завршени – додаде Николоски.
Според вицепремиерот, реализацијата на брзата пруга се очекува да биде во предвидениот рок.