Николоски: Ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во иднина ќе продолжи ваквата поддршка и дека во моментов се гради или се довршуваат ваков тип на градби кои ќе бидат наменети за социјално ранливи категории на граѓани.

„После неколку месечна успешна работа на новиот директор на ЈП како и на неговиот тим веќе ги гледаме првите резултати. Завршена е процедурата во соработка со министерството за транспорт за распределба на социјални станови за ранливи категории на граѓани и во Кочани и во Велес, изјави“ Николоски.

Министерот посочи дека се работи за категории на граѓани кои што навистина имаат потреба и притоа напомена дека ќе си најдат среќа и топол дом во истите.

„Би сакал на сите кои денеска ги добиваат да им посакам убави моменти во годините кои што се пред нив, секако дека ќе продолжиме да даваме ваква поддршка. Инвестицијата тука не е мала, се работи за инвестиција од 72 милиони денари, инвестиција која што оди дирекно од буџетот, а во моментот работиме уште во неколку општини на довршување или на исградба на социјални станови, тоа се општините Прилеп, општината Каменица, општина Бутел во Скопје“, истакна Николоски.