Николоски: Интензивно се работи автопатот Прилеп - Битола, пробиена повеќе од половина од трасата

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски денска истакна дека автопатот Прилеп - Битола се гради со силен интензитет и дека Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот.

„Интензивно се работи на 22 километри пробиена траса од вкупно 40 километри или на 55 % од вкупно предвидената траса. Изградбата се реализира согласно динамичкиот план, покрај земјените работи на трасата се работи на 2 моста, 2 потпатника, 1 натпатник и 1 клучка“, посочи Николоски.

Тој додаде дека навременото завршување на автопатот Прилеп - Битола ќе значи забрзан развој на Пелагонискиот регион, како и можност за нови инвестиции, развој на локалните бизниси и повеќе работни места.