Никогаш немој да заборавиш кој си!

Кога ќе те навредат и повредат, па ќе посакаш да вратиш со иста мера...
Не заборавај кој си. 

Кога ти изгледа дека околу тебе сѐ се срушило, па те фаќа бес и лутина...
Не заборавај кој си. 

Кога неправдата ќе те извади од такт, а стресот потполно ќе те надвладее, па одмаздата ви делува како единствен логичен избор.
Сети се кој си ти.

Освестете се за миг и дишете длабоко.
Не се оддалечувајте од себеси. Не дозволувајте да ве понесе вртлогот на дивите чувства.
Не правете нешто за кое подоцна можеби ќе се каете. 

Сетете се кои сте. Поврзете се со себеси. Најдете го својот баланс. Вдишете мир. И не дозволувајте никому да ви го одземе тоа. Воспоставете контрола над себе. И вратете се назад. 

Само така можете да бидете најдобрите што можете. Само во таква состојба можете да реагирате квалитетно и мирно. И да ја направите вистинската работа. И сигурно нема да им потклекнете на тешките чувства и да го направите она што инаку не би го направиле. 

Затоа што, без оглед на тоа што се случува околу тебе – не заборавај кој си.
И кога ти е најтешко. И кога животот ви удира шамари – не заборавај кој си. И кој можеш да бидеш. Секојпат кога ќе се победиш себеси. Секојпат стануваш уште посилен. Уште послободен. Уште посамосвесен човек. Кога ќе се сетиш кој си.  

А ќе го знаете тоа по она посебно чувство. По она неверојатно чувство кое ви кажува дека ја правите вистинската работа. Послушајте ја. И секојпат ќе биде сѐ посилна. Внатрешниот компас, сѐ подостапен. Срцето и умот сѐ помирни. 

А вие сѐ посигурни во тоа кои сте. 

Љубов. Светло. Радост.

~ Ива Брадариќ