Никогаш нема да ги задоволите другите луѓе: Мачката никогаш нема да стане куче, дури и да почне да лае

Во животот сите чекориме на еден пат, свој пат кој е поинаков од другите. Избираме една патека која ни се покажува како вистинска, потоа можеби грешиме па избираме друга и така во круг. Тоа е нашата приказна. Животот е таков, не е праволиниска патека, туку некаков круг кој не носи на многу страни.

Улогата на родителите и наставниците не треба да биде да ни ја откријат секоја вистина, туку да ни помогне како да ја откриеме самите од позицијата во која сме и да нè охрабрат силно да одиме напред, дури и кога ветерот силно ни дува во гради. Некогаш стануваме уморни, некогаш се чувствуваме изгубени, некогаш се соочуваме со многу порази. Но, така учиме. Така ја наоѓаме својата вистина, својот пат.

Но, живеејќи на Балканот постојано се соочуваме со коментарите на другите луѓе. На нашите родители, нашите блиски, а често и луѓето кои воопшто не нè познаваат. Често можеме да слушнеме дека нашите избори се погрешни, дека не треба така, дека треба поинаку?

Колку често можеме да ги слушнеме другите луѓе како велат:

„Морам постојано да им удоволувам на другите. ˝

„Не можам да им кажам не на моите родители.˝

„Сигурно ќе ми се налутат.˝

И милион други реченици. На тој начин, луѓето забораваат на својата патека, на својот карактер, избори и ставови и избираат нечија друга патека. Затоа и имаме толку многу несреќни луѓе. Како да живеат животи кои не се нивни само за да ги направат другите задоволни. Но, воопшто не се среќни и сакајќи да ги усреќат другите само се губат во својат приказна.

Треба да знаете дека никогаш не  можете да ги задоволите другите луѓе. Тие што вистински ве сакаат ќе ве сакаат онакви какви што сте вистински, а сите други ќе се трудат да ве променат според своите ставови. Можеби и затоа бидејќи и тие живеат живот за некој друг. Но, не правете го тоа.

Сте ја слушнале изреката: Можете да бидете најслатката праска, но секогаш ќе има некој кој не сака праски.

Без оглед на тоа дали станува збор за вашите блиски – родители, браќа, сестри или партнери, не се менувајте за друга личност. Бидете свои, живејте според сопствените убедувања. Само така ќе живеете среќен и исполнет живот за кој нема да се каете кога ќе остарете. Прифатете се себеси онакви какви што сте и постојано работете на тоа да станувате подобри, но само под свои услови и за себе. А, не за другите.