Никогаш нема да бидам личност која не чувствува ништо

Никогаш не сакам да бидам личност која може да спие во текот на ноќта, кога некој и праќа порака. Никогаш нема да бидам личност која нема да покаже никакви емоции на некаков тажен настан или ситуација. Или пак филм или тажна песна.

Нема да станам личност која нема срце, која не чувствува љубов или која не се топи покрај малите, убави нешта. Нема да бидам личност која не чувствува ништо, туку некој кој ќе чувствува сè. Чувствувам сè длабоко, слушам сè гласно и гледам сè јасно.

Проблемот со луѓето како мене е тоа што постојано се обидуваме да најдеме некаква средина, да не чувствуваме толку, да не покажуваме толку, да не одиме во црно или во бело, да останеме во сивата зона. Се очекува да ги потиснеме сите чувства што ги имаме за да му покажеме на светот дека не сме слаби.

Големиот проблем е што сите, па и ние самите често мислиме дека тоа може да се смени, но не е така лесно. Иако животот нè учи какви се луѓето и каков е светот во кој живееме, ние секогаш ќе чувствуваме силно, ќе живееме со тој интензитет во себе.

Но, ние секогаш ќе чувствуваме премногу, ќе кажуваме премногу, ќе плачеме премногу и ќе се смееме премногу. Тоа е начинот на кој функцинираме. Бидејќи често луѓето кои се научиле да живеат во сивиот простор не знаат и што значи да се биде вистински среќен – да се чувствуваш како да си на врвот на светот, да не можеш да престанеш да се смееш, да не можеш да заспиеш од среќа и да почувствуваш вистинска среќа и вистинска љубов.

Бидејќи оние кои се плашат од лошите чувства, бегаат и од добрите. Немаат можност да ги искусат најубавите нешта кои животот ги носи, да ја почувствуваат среќата која доаѓа од нив. Оние кои се плашат од тие чувства прифаќаат лоши работи, лоши врски и несреќни бракови.

Не сакам да бидам таква личност. Не сакам да бидам личност која не знае да сака и која не знае да живее.