Никогаш не знаеме кога последен пат гледаме некого, а потоа не можеме да го преболиме тоа...

Една од најуниверзалните вистини е дека луѓето го сфаќаат животот и луѓето во него здраво за готово, а сепак некако како ништо да не правиме за да не биде тоа така. Треба да се случи некаков лош настан или да загубиме некого за да сфатиме дека не треба да биде така, а и тогаш не ја учиме лекцијата целосно. 

Често ги земаме луѓето во нашиот живот здраво за готово или дозволуваме нашата гордост и тврдоглавост да надвладее. Мислиме дека ќе живееме вечно. Дека имаме време за сѐ. И потоа сфаќаш дека поминале 15 години и дека животот лета, а дека времето не може да се врати назад. 

Кога сме помлади најважно ни е да бидеме во право и да излеземе како победници од сѐ, а како што минува времето сфаќаме дека поважно е да бидеме среќни отколку во право.

Никогаш не знаеме кога последен пат гледаме некого, не доаѓа предупредување, не стигнува нотификација. Едноставно, еден ден, некому му викаш: „Чао, се гледаме“ и тоа се последните зборови кои ги разменувате. Понекога, последните зборови се груби, искажани во тек на расправија. И тоа најмногу боли. Потоа не можеме да престанеме да мислиме на тие последни зборови и тие остануваат врежани во нашата душа, никогаш целосно не се опоравуваме од тоа.

Некаде, некогаш прочитав: Со луѓето однесувајте се како секој ден да е последен ден што се гледате и последните зборови што ги кажувате секогаш сметајте дека сте последни што сте ги размениле. Така секогаш ќе бидеме повнимателни што кажуваме. 

Наместо да живееме со каење и размислување што сме можеле да направиме подобро, ајде да се грижиме за луѓето и зборовите што им ги упатуваме додека се тука, во нашиот живот, додека се живи и здрави, додека се присутни.

Да, не ги земаме луѓето здраво за готово и да не мислиме дека секогаш ќе бидат во нашиот живот. 

Гушкајте ги луѓето кои ги сакате, никогаш не знаете кога ќе биде последниот пат. И сакајте ги, бидете сигурни дека знаат дека ги сакате!