Не смеете да лежите, седите, стоите и комуницирате со проблемите. Особено не да лежите!
Со проблемите треба вака: Да ги облечете патиките, да облечете тренерка и јакна, да ставите капа – тогаш проблемите се загрижуваат.
Излезете надвор на дожд – проблемите стануваат потивки.
Почнете да одите побрзо – проблемите не се откажуваат.
Одете уште побрзо – еден од нив веќе се откажал.
Одете уште побрзо – веќе два проблеми кренале раце од вас.
Почнете да трчате: три проблеми се откажале од вас. Четвртиот се држи до последен здив.
Тој е проблемот кој пуштил најдлабоки корени во вас.
Трчајте што подалеку од него, со сите сили, нема да издржи уште долго. Ќе се откаже и тој.
Кога веќе сте потполно исцрпени, продолжете да трчате. Уште, уште...
Разбирате?
Сте излегле заедно со проблемите, а сте се вратиле сами.