Никогаш не се откажувајте од надежта, таа е вашиот најдобар животен пријател

Една мудра личност кажала дека човек може да живее 40 дена без храна, 3 дена без вода, 8 минути без воздух, но само 1 секунда без надеж.

Сите некогаш сме се нашле во ситуација кога мислиме дека целиот свет е против нас и кога ни изгледа како ништо да не ни оди. Можеби станува збор за загуба на драга личност, околности кои се против нас или фаза во која едноставно се чувствуваме заглавено и не знаеме како да направиме чекор напред. 

Но, тоа се случува секому и треба да знаеме дека не сме сами. Со што и да се соочуваме, тоа не е тука засекогаш и колку и да не изгледа така, секогаш постои трошка надеж. 

Зошто е важна надежта во нашиот живот?

Надежта е чувство кое ни дава некаква цел во животот, нешто што нè турка напред. Ако сакаме да водиме значаен и среќен живот, надежта е еден од најдобрите пријатели кои ги имаме. 

Надежта ни дава храброст да се соочиме со животните предизвици

Многу ситуации во нашиот живот доаѓаат без предупредување и често се наоѓаме во ситуација која не сме подготвени за предизвиците кои доаѓаат. Пример за тоа е ситуацијата со коронавирусот  кога неочекувано многу луѓе ги изгубија своите работни места, некои од нив изгубија свои блиски, а се соочуваат и со сериозни последици по нивното здравје.

Што би правеле во овој случај без надежта дека еден ден сето ова ќе заврши и дека ќе биде подобро? Чувството на очај и беспомошност нема да ни помогнат на ниту еден начин, туку напротив надежта е таа која ни помага да одиме напред и да се надеваме на подобро.

Надежта е оптимизмот кој ни дава сила да веруваме дека работите можат да бидат подобри

Таа значи да не прифаќаме пораз. Кога имаме надеж, можеме да направиме многу работи, но за почеток мораме да ги отвориме својот ум и срце. Таа ни помага да веруваме дека постои нешто што ќе нè однесе до подобра фаза, а често и дека моќта лежи во нас самите.

Надежта ни помага да дојдеме до решенија

Таа ни дава можност да сфатиме дека не сме во целосно безизлезна ситуација и да не се откажуваме. Ни помага да бидеме креативни и да смислиме решенија кој ќе ни помогнат во конкретната ситуација. Таа ни дава нови начини да го видиме проблемот, да сфатиме дали навистина тоа е проблем и како да го решиме.