„Ние за нас “: Велосипедска трка во пресрет на празникот 11 октомври

Во пресрет на празникот 11 октомври, Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот, во насока на подигнување на свеста кај младите за важноста од водење здрав живот, спортување, грижа за животната средина и околината, како и културата на нашата земја, Општина Ѓорче Петров, организира манифестација и велосипедска трка под мотото НИЕ ЗА НАС. На Велосипедската трка ќе учествуваа ученици од основните и средни училишта во општина Ѓорче Петров.

За подобра иднина за младите и идните генерации, потребно е да се почне од малите нешта, токму затоа манифестацијата НИЕ ЗА НАС, се организира пред големиот празник 11 октомври како симбол за одбрана на доброто, достоинството и поттикнување на добрите дела за силна, модерна и европска Македонија.

Манифестацијата ќе бидe придружена со организација на културен настан на играорци, пејачи и велоспиедска трка. Покровител и организатор на настанот е општината Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Наумовски. Поддржувачи на настанот се СТEП Маркет и Митковски ММ.