Ни трага, ни глас од Арсовска веќе со денови - доби прашање „Како сте, дишете ли“

Ни трага, ни глас од градоначалничката на Град Скопје додека градот се соочува со запалени депонии и чадење опасно по здравјето. 

Арсовска последен пат на својот фејсбук профил се огласи со честитка по повод 8. септември - Денот на независноста. 

Иако скопјани се загрижени за сопственото и здравјето на блиските, но и воопшто за функционирањето во магла и чад, Арсовска ја нема ниту да се појави во јавноста, а камоли да свика вонредна прес-конференција.

Прашање за тоа како дише доби од новинарката Искра Коровешовска

- Добро утро градоначалничке Данела Арсовска, последниот статус ви е за 8 септември, оттогаш Вардариште и Дрисла не отруја, а се ПОД ВАША НАДЛЕЖНОСТ! Како сте, дишете ли? - порача новинарката на својот фејсбук профил.