Независните и успешни жени се магнет за мажите!

Мажите се сложуваат дека не постои ништо посексапилно од жена која е независна и полна со самодоверба. Тие самите себеси се поддржуваат емотивно, но и финансиски. Иако поголемиот дел од времето се сосредоточени на кариерата, сепак наоѓаат и слободно време кое го искористуваат на најдобрар начин.

Што се однесува до нивните партнери, мажите кои ги бараат овие жени би требало да се слични на нив, полни со самодоверба и покрај кои тие ќе се чувствуваат сигурно и кои тие ќе ги разберат. Она што е најважно е дека ги разбираат. Ова се некои од карактеристики кои ги поседува независната жена:

Немаат време и трпение за љубоморни испади

Тие се потполно посветени на врските, но се опкружени со луѓе кои им се слични, а и не трпат љубомора, затоа што немаат трпение за неконструктивни кавги. Мажите често се чувствуваат загрозено покрај нив, бидејќи тие постојано се опкружени со моќни луѓе, меѓутоа ретко кога изневеруваат.

Не сакаат партнери кои бараат премногу

Фактот дека сакаат да поминуваат времето со партнерот е доказ дека му се посветуваат кога ќе се заљубат, меѓутоа своето време го посветуваат и на работата, а мажот кој е со нив мора да го разбере тоа. Понекогаш едноставно сакаат да бидат и сами. Доколку мажите премногу бараат од нив, тие бегаат.

Имаат потреба да бидат сами

Тие постојано жонглираат помеѓу пријателите, семејството, момчето и работата. И понекогаш тоа е преинтензивно за нив, па им треба време да прават работи што ги прават среќни како џогирањ или читање книга. И сакаат тоа да го прават сами.

Зрачат со самодоверба

Нив не им е потребен партнер за да им ја покаже вредноста, затоа што тие веќе знаат колку вредат. Кога одат, одат како целиот свет да е нивен и тоа ги прави преубави.

Тие влегуваат во врска затоа што го сакаат тоа, а не затоа што им е потребен партнер

Тие секогаш се прашуваат: Дали оваа врска ќе го збогати мојот живот? Дали ќе ме исполни емотивно? Ако одговорите се негативни, тие нема да влезат во врската, затоа што тие се среќни и сами.