Невреме во Скопје -  силен ветер,  дожд и паднати дрвја

Силно невреме го зафати Скопје попладнево, во неколку делови од главниот град.

 

Невремето е проследено со силен ветер, дожд и наместа  град. Информациите од терен говорат и за паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.

Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции.