Невозвратена љубов: Важна животна лекција

Речиси и не постои личност која во својот живот не се соочила со тешкотиите од невозвратената љубов. Тоа често може да биде многу болно искуство.

Не е важно дали сме тинејџери, студенти или пак возрасна личност – невозможната личност може да доведе до голема болка, патење, па и несигурност. Силните, неконтролирани емоции можат да влијаат и на другите сфери од животот. Опесијата, тагата, разочарувањето, а често и очајот можат навистина да доведат дури и до депресија.

Според психолозите, и придаваме преголемо значење на невозвратената љубов поради тоа што таа личност за нас претставува ексклузивна личност која сме ја поставиле на пиедестал. Сите наши мисли се врзани за таа посебна личност. Гледаме низ розови наочари во тој случај. Недостатокот на внимание од таа личност предизвикува да ја гледаме во подобро светло и уште посупериорна и понедостижна за нас.

Нашиот ум функционира по принципот на реципроцитет. Доколку направиме нешто за некого, несвесно имаме очекувања дека таа личност ќе направи нешто добро за нас. Кога вложуваме енергија и време во однос на некоја личност, всушност тоа го правиме со цел таа да ни го возврати истото. Колку повеќе не ни е возвратено тоа што го даваме, толку повеќе се опседнуваме со таа личност и сме склони уште повеќе сила и енергија да вложиме бидејќи мислиме дека така ќе добиеме нешто. Сепак, тоа често резултира таа личност да ја оттурнеме уште повеќе од себе.

Но, како да се помириме со тоа? Како да прифатиме дека личноста која ни се допаѓа или ја сакаме  не гледа на нас со исти очи? Како да ги преболиме чувствата кои ги имаме, а кои се невозвратени?

Не само што можеме да ја преболиме ваквата „љубов“, туку и да научиме за патењето кое ни го нанесе невозвратената љубов. Таквото искуство може да ни помогне многу да откриеме за љубовта, но и за себе – за своите лични стравови, својот потенцијал и да изградиме т.н. имунитет на психата.

Со невозвратената љубов учиме да бидеме силни и да ги согледаме добрите и лошите страни на љубовта. Таа носи голема болка, но и големи лекции.