Неверојатна комбинација: варено чоколадно вино!

Британските научници тврдат: чоколадото и црвеното вино се исклучително корисни и би требало да бидат вклучени редовно во нашата исхрана. Овој рецепт одлично ги комбинира овие две одлични намирници во фантастичен загревачки напиток.

 За 2 порции чоколадно вино ќе ви бидат потребни следните состојки: 

1 ½ шолја млеко (не помалку од 2% масленост)
1 шолја од вашето омилено црвено вино
1/3 шолја исечкано црно чоколадо
За украс: изматен шлаг

Начин на подготовка:

Во еден сад соединете ги млекото и чоколадото, па ставете на оган на средна температура. Постојано мешајте додека чоколадото целосно да се растопи и додека да добиете густо чоколадно млеко. Додадете го виното и повторно загрејте го напитокот.

Добиеното чоколадно вино сервирајте го две чаши или шолји и уживајте!