Несреќа во Охрид: Тешко повреден 71-годишник кој паднал од мопед

71-годишник од Охрид е тешко повреден откако со мопед паднал на коловоз. 

- На 13.04.2026 во 14:30 часот во  СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од бул.„Туристичка“ со ул.„АСНОМ“ во Охрид, 71-годишниот Р.Г., управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Г., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информираа од полцијата за несреќата. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.