Нешто навистина волшебно се случува околу четириесеттата година...

Некаде длабоко во нашиот ум започнува будењето. Почнуваме да го гледаме светот на нови начини. Децата веќе се прилично независни и сакаат да се оддалечат од нашите идеали и правила. Тие сакаат да го освојат светот, да го поправат она што мислат дека е лошо во него и да остават свој печат во општеството.

И ние бевме такви на нивни години.

Кога магичниот број 40 се појавува во нашиот живот, почнуваме да сфаќаме дека животот е повеќе од еден куп алишта за перење и децата кои си бркаат своја работа. Целиот живот сме го поминале обидувајќи се себеси да си дадеме нешто надвор од себе.

Прво, факултетот кој сме го избрале. Потоа нашите први работни места. Потоа нашите сопрузи и деца.

Потрошивме толку многу време и енергија на други, се обидувавме да го докажеме нашето постоење и на крај заборавивме на самите себе. Се сеќавам кога по втор пат станав мајка и читав  статии во списанија кои велеа дека мора да одвојуваме време за себе додека бебето спие. Се сеќавам дека тогаш се смеев на тоа, си мислев дека личноста која го пишувала тоа сигурно нема деца. Кога бебето спиеше, бев зафатена со ситници кои не можев да ги правам додека бебето беше будно. Милион садови за миење, облека која треба да се испегла. И до ден денес не сфатив како едно толку мало човечко суштество може да акумулира толку многу облека! Времето кое требаше да биде резервирано само за мене, не ни беше на мојот радар во тој момент. Морав да направам толку многу работи додека тие спиеја!

И тогаш, одеднаш, садовите се намалија. Нечистата облека се претвори во модни парчиња. Готвењето вечера за една или две личности стана нашата нова реалност. И сфаќаме дека се даваме на сите освен на самите себе. И така доаѓа еден волшебен ден кога гледаме околу себе и нема играчки кои треба да ги собереме и сфаќаме дека единствено сме одговорни за самите себе. И можеби беа во право сите оние статии кои ни говореа да одвоиме време за себе, бидејќи сега што да правиме со себе? Кому да се дадеме?

Околу 40-тата почнуваме да гледаме навнатре. Почнуваме да се прашуваме кои се нашите страсти и интереси. Веројатно сме одвоиле некое време за работи во кои сме уживале последните неколку години, но повеќе за да избегаме од секојдневното лудило отколку што тоа било нашата реална страст поради која нашето срце би пеело на цел глас.

Почнуваме да поставуваме прашања: Што да правам сега? Сега можеме да правиме сѐ што сакаме да направиме, затоа што повеќе не мора да се грижиме за децата или вечерата. И така ние всушност сме збунети.

Која сум јас? Што ме инспирира? Што е она што прави моето срце да се насмевнува? Одеднаш, сите тие прашања стануваат важни во нашиот ум.

Мораме да ги пронајдеме одговорите. Ги бараме во одделите за книги за самопомош во книќарите. Имаме состаноци со тренери или терапевти. Почнуваме да зборуваме за овие работи со пријателите.

Она што го гледаме во себе понекогаш знае да нѐ плаши. Таа силна желба да станеме посвесни за она што нѐ инспирира е посилна отколку што некогаш сме ѝ дозволиле да биде. Некои од нас се лути самите на себе затоа што со години си ги запоставувале своите страсти. Некои од нас се уплашени од јачината на таа желба. Некои од нас немаат поим кои се нашите страсти.

Тогаш започнува нашето будење.

Луѓето кои нѐ гледаат отстрана можат да речат дека тоа е криза на средни години, а не будење. Дури и ние самите можеме да го кажеме тоа. Кризата се дефинира како нестабилна ситуација, а ние можеби се чувствуваме нестабилно во свет кој така добро сме го познавале, свет во кој ги знаеме сите правила и распореди. Затоа и делува дека сѐ се менува преку ноќ. Се будиме со тие чудни чувства кои ги доживуваме. Почнуваме да ги препознаваме и да стануваме свесни за сѐ она што е во нас. 

Кога проаѓав низ разводот, ми кажаа дека сум имама криза на средни години. Ќе ми биде добро, ми рекоа. Во право беа.

Првпат по толку години се чувствував живо! Се чувствував како да сум се разбудила од некој длабок сон во кој не ни знаев дека сум била. Ги чувствував само своите желби и страст.

Сѐ тоа се случи околу таа волшебна 40-та година. Можеби кога ќе наполниме 40 години стануваме свесни дека сме важен дел од општеството и ги откриваме даровите кои можеме да ги понудиме.

Ние сме себични кон помладата генерација и нашите деца, затоа што конечно одвојуваме време за нас. Повеќе не чувствуваме потреба за управување според строг распоред. Сега кога одиме на јога или во книжарница, го правиме тоа за сопствено уживање, а не за да побегнеме од нешто. Свесни сме за сите можности, за она што го имаме и за тоа кои сме всушност ние.

Сега сме подготвени да го одвоиме тоа време за себе, подготвени сме за магијата на 40-тите години.