Неофицијално: Во Мартин Јанушев пукал близок пријател

Недоразбирање помеѓу двајца пријатели заврши со престрелка во скопски Аеродром, дознава Пресс24 од полициски извори.

Според неофицијални информации, во Мартин Јанушев пукал негов пријател кој и од порано и е познат на полицијата, по серија најтешки кривични дела за кои одлежувал и затворска казна.

Напаѓачот е познат и во скопското подземје, пишува порталот.

Од МВР се уште не може да се добие ниту потврда ниту демант на оваа информација. Според некои медиуми полицијата го знае идентитетот на напаѓачот и трага по него.