Немојте заради лоши луѓе да се откажете од вашата добрина

„Принципот „Око за око, заб за заб“ ќе го ослепи целиот свет“ – Махатма Ганди

На светот постојат многу лоши луѓе и невозможно е секогаш да ги избегнувате. Можеме да бидеме силни, да се молиме и да се обидиме да се заштитиме, но сепак понекогаш ќе налетуваме на нив. Таквите луѓе влегуваат во нашите животи во различни облици и не секогаш можеме навремено да ги забележиме. Тие може да бидат насекаде околу нас. Речиси е невозможно да ги спречиме лошите луѓе да влезат во нашиот живот, но никогаш немојте да се откажувате одвашата добрина само затоа што сте се соочиле со некој кој е лош. 

Вистинската промена доаѓа одвнатре. А оние кои се предизвикани од надворешни околности всушност воопшто и не направиле промени. Способноста да се спротиставите на надворешните влијанија и да продолжите да бидете она што сте, без оглед на тоа што сакаат другите луѓе или кои чувства сакаат да ги разбудат во вас, е карактеристика на силни луѓе. 

Бидете добри кон себеси

Желбата да се биде добар само заради другите може да се нарече и лажна добрина. Добрите дела и љубезноста треба да бидат мотивирани од вашето чувство за себеси, а не од она што другите го мислат за вас. Бидете добра личност пред сѐ за себе. Ако бидете добри кон другите и тие ќе бидат добри кон вас. На сите им е подобро кога на сите им е добро. Ако дозволите лошите луѓе да ве лишат од доблестите, покажувате дека никогаш не сте биле добри кон себеси. Инаку тие не би можеле да ви ги одземат тие карактеристики. Но, можете да се ослободите од нивното влијание ако се тргнете од нив и бидете добри со други луѓе. Не потклекнувајте на омразата.

Верувајте во добрина

Ако го читате ова, вие сигурно сте добра личност. Не сте сами во својата добрина. На светот постојат многу луѓе како вас кои го чувствуваат тоа. Па така, ако сретнете лоша личност, сетете се дека на светот постои многу добрина која други луѓе ја носат во себе. Не сте сами. Останете силни пред негативните личности. На тој начин го ослабувате нивното влијание, го зацврстувате своето и придонесувате кон градење на поубав и подобар свет.