Немаме за леб, останавме без струја, а мора да го напуштиме и станот, вели очајната Горица

Горица Јановска потекнува од село Латово, Македонски Брод, но го напушта семејството и се сели кај Томе во Скопје, меѓутоа никогаш не ја почувствувала сигурноста на топлиот дом и сега е осудена да живее под кирија и без струја на 80-годишна возраст.

Тие живеат од инвалидската пензија на Томе, која не е доволна ниту за нивните лекови, а немаат пари ниту да платат струја.

-Душата ми е нервозна, срцево ме боли. И една града ми е оперирана. Не знам што да ви кажам друго. Ако може да ни помогнете, додека да умреме, зашто ова не се издржува, низ солзи раскажува Горица пред камерите на „Срце на дланка“.

И двајцата работеле во минатото, но со минимални плати не успеале да си купат дом. Во моментов се под кирија во стан во населбата Ѓорче Петров и го молат хуманиот народ да им помогне.

Горица е сериозно болна, додека во лоша здравствена состојба се наоѓа и Томе, но за жал од зимава живеат и без струја и под стрес зашто мора да го напуштат станот.