Нема тука некоја филозофија: Се повлекуваш и простуваш – и на нив и на себеси

Некои луѓе се преправаат цел живот и на крај го покажуваат своето монстроузно лице. Доволни се пет минути за лицето да им смени неколку бои и облици, очите им се менуваат, како и целата енергија. Од нив извира омраза. Тие би згазиле секој кој ќе им застане на патот. И на крајот секогаш се разоткриваат и го покажуваат своето вистинско лице. Лице кое ви било добро познато, но кое вие сте го игнорирале, мислејќи дека не е ништо, дека тие сепак се добри, а не се. Тоа се луѓе кои само се преправаат, луѓе со лажни насмевки и ведри лица, но нивните очи не лажат. 

И секогаш сум знаела, да ги препознаам, дури и кога сум сакала да не сум во право. И тоа е нивен избор. Тие ме повредиле, но секојпат успеваат сѐ помалку бидејќи научив да се заштитувам. Сакав да им помогнам, но не можев. 

Нема тука некоја филозофија: Се повлекуваш и простуваш. И на нив и себеси. Себеси затоа што сте сакале да ја пронајдете нивната светлина, а на нив, затоа што едноставно се такви и затоа што тука нема што да се направи. 

Единствена работа кај нив е што со текот на времето стануваат сѐ повешти во своите манипулации. Но, време е да се збогуваме со сите нив. Доста е – има толку многу луѓе кои ја заслужуваат нашата љубов и внимание, тие не се едни од нив.