Нема простор за паника - овој подтип на вирусот не е ништо посебно, смета Апостолов

Ивица Апостолов, вработен во ЈЗУ Универзитетски институт за клиничка биохемија-Скопје и претседател на Здружението на медицински лаборанти смета дека нема простор за паника од новите ковид бројки. 

Тој преку објава на својот Фејсбук профил вели: 

-Бидејќи читам многу галама се дига околу порастот на бројките на инфицирани лица, чувствувам потреба да објаснам нешто и морам да реагирам.

Прво и основно лето е, период на користење на летни одмори, луѓето се дружат, патуваат, секој сака забава и дружба, луѓето се релаксирани и тоа е нормално.

Второ, појавата на новите подваријанти на омикрон, конкретно на omicron BА.4 и BА.5 регистриран е уште пред неколку месеци и затоа нормално е да има пораст на позитивни наоди кај нас.

Трето, сегашнава ситуација со овој подтип на вирусот не е ништо посебна од претходните варијанти на омикрон и затоа не треба да се дига паника меѓу народот, затоа што клеточниот имунитет кој постои кај луѓето ќе ги заштити од тешки симптоми на болеста, а дел од оние кои не го прележале можно е да се инфицираат и со тоа ќе го стекнат дополнителниот длабок и траен имунитет!

Затоа апелирам да не се пишуваат ,,алармантни” текстови на социјалните мрежи за покачување на бројките на заразени, бидејќи тоа не иде во прилог на никого.

Поздрав и уживајте во летото. - гласи неговата порака во однос на потенцијалната закана од новите подваријанти на ковид вирусот.