Нема повредени во пожарот во парк, огнот целосно изгаснат

Пожарот кој попладнево избувна во бараките на Прекршочен суд, во близина на ресторанот Томче Софка, е изгаснат. 

Жртви во оваа несреќа нема, а причинета е материјална штета. 

Бараката е во сопственост на Основен кривичен суд –Скопје, а внатре имало и документација оставена по селењето на одделот за прекршоци во судската зграда на стариот кривичен суд во комплексот судови.