Нема поубаво нешто од тоа да бидеме добри луѓе

Ако не сте родени љубезни, не се грижите, можете да ја научите оваа вештина. Мајките секогаш нѐ учеа дека треба да бидеме добри кон другите. Однесувајте се кон другите онака како што сакате другите да се однесуваат кон тебе. Освен тоа, научниците докажаа дека добрината нѐ прави посреќни.

Денес ви откриваме 5 причини поради кои треба да бидете добри кон другите:

Љубезноста кон другите предизвикува чувство на среќа

Ако луѓето чувствуваат наклонетост кон другите, тие автоматски стануваат посреќни. Тоа најверојатно се должи на фактот дека ние навистина се грижиме за другите, па затоа и најобичен гест на љубезност ќе предизвика насмевка кај другите, а таа насмеввка ќе се пренесе и на нас.

Добрите луѓе живеат подолго

Психијатарот Кристин Картер вели: „Луѓето кои волонтираат речиси и да не боледуваат од некаква болест. Давањето помош на другите ќе ви помогне повеќе отколку да се напиете аспирин. Луѓето кои се постари од 55 години, а кои волонтираат и помагаат некаде имаат 44% помали шанси за прерана смрт. Помагањето на другите има ист ефект како и молитвата или вежбањето.“

Љубезноста ја намалува анксиозноста кај луѓето

Еден британски универзитет спровел истражување меѓу анскиозни луѓе и покажало дека сите симптоми на анксиозност се намалуваат кога сте љубезни кон другите. Кога на луѓето со анксиозност им дале задача да бидат љубезни дури 6 пати во текот на неделата, по еден месец биле забележани значителни намалувања на симптомите на анксиозност.

Добрината е добра за срцето

Добрината ја грее душата. Оној момент кога ќе бидете добри кон некого, вие автоматски го лачите хормонот на среќата кој го намалува крвниот притисок и кој го „храни“ вашето срце.

Добрината се учи

Ако не сте навикнати да бидете добри и љубезни, не се грижете: тоа може да се научи. Истражувањето на еден универзитет во САД покажало дека можете да го истренирате својот ум за тој да биде добар и љубезен. Докторот Ричард Дејвидсон вели: „Тоа е исто како вежбање во теретана, само овојпат, личноста со вежбање може да ја усоврши вештината на добрината и да покаже љубезност кон луѓето во околината.“