Нема одлука за старт на училиштата: Комисијата и МОН преговараат!

Утре ќе продолжи средбата на Комисијата за заразни болести заедно со претставници на Министерството за образование и наука на која се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од 1 септември, соопшти епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата и директор на Центарот за јавно здравје Скопје, за МИА.

„Се уште сме во преговори. Крајното решение ќе го даде Министерството за образование и наука“,вели д-р Стојанов.